Бизнис
„Магијата е во знаењето“ продолжува во Тетово – трета панел-дискусија „Каква магија се крие зад една петка – минатото и сегашноста во дуел“
07.11.2025г
Продолжува караванот на панел-дискусии во рамки на националната кампања „Магијата е во знаењето“ на Министерството за образование и наука, чија цел е да ја истакне суштинската улога на наставниците и значењето на нивната професија во општеството.
По настаните во Скопје и Прилеп, третата панел-дискусија ќе се одржи во Тетово, на 9 ноември 2025 година (недела),со почеток во 11 часот, во амфитеатарот на ОСМУ „Никола Штејн“.
Темата на панел – дискусијата е „Каква магија се крие зад една петка – минатото и сегашноста во дуел“, со фокус на тоа како се менувало значењето на оценувањето низ генерации, што денес значи вистински успех и како наставниците го препознаваат трудот и напредокот на учениците во современиот контекст.
Своето видување ќе го споделат проф. д-р Весна Јаневска, министерка за образование и наука, Милка Тримчевска, директорка на Биро за развој на образованието, Даниела Апостоловска, одделенски наставник и помошник директор во ООУ „Братство – Миѓени“ од Тетово, Сихана Каба Касами, одделенски наставник и директор во тетовското ООУ „Кирил и Методиј“ и Салих Мислими, доктор по општа медицина и професор по стручни предмети во ОСМУ ,,Никола Штејн" – Тетово.
Настанот ќе може да се следи во живо на YouTube каналот на Министерството за образование и наука https://youtube.com/channel/UCzOX1KEu6ZBm14DqFasVMjA?si=MWcOfrO5OjMDZd_O.