Економија

СРБИЈА ЗАОСТАНУВА 29 ГОДИНИ ЗАД ПРОСЕКОТ НА ЕУ СПОРЕД БДП ПО ЖИТЕЛ

Реалниот бруто домашен производ (БДП) на Србија се зголеми за околу два проценти во периодот јануари-септември, според извештајот за макроекономска анализа и трендови (МАТ).

Клучен извор на раст за девет месеци оваа година е индустрискиот сектор, а индустриското производство во септември 2025 година било за 2,5 проценти поголемо во споредба со истиот месец минатата година.

Во споредба со септември 2024 година, вредноста на трговијата со стоки во септември оваа година се зголемила за 8,9 проценти или за 516,3 милиони евра, пренесува Данас.

На Србија ѝ се потребни 29 години за да го достигне просекот на Европската Унија кога станува збор за БДП по глава на жител, 26 години кога станува збор за просечна заработка. Достигнувањето на просечната пензија со оваа стапка не е можно. Истото важи и за нееднаквоста, која се зголемува во Србија. Ова се наодите од истражувањето спроведено од Виенскиот институт за меѓународни економски студии заедно со локалните партнери во земјите од овој регион.

Србија е регионален лидер, но е далеку од клубот на земјите од ЕУ во однос на животниот стандард. Во областа на економските параметри што најмногу влијаат на животниот стандард, на Србија ѝ требаат 35 години за да го достигне просекот во ЕУ.

Што се однесува до економијата, Србија моментално е на 41,7 проценти од просекот на ЕУ. Со ова темпо, ѝ требаат 35 години за да го достигне тој просек.


Фото Економија и бизнис

 

ПРЕПОРАЧАНО

Најчитано