Бизнис
ОТКАЖУВАЊЕ НА 4.000 ЛЕТОВИ, ДОМАШНИОТ АВИОНСКИ СООБРАЌАЈ ВО САД ПРЕД КОЛАПС!
06.11.2025
Американските федерални претставници објавија дека САД ќе го намалат воздушниот сообраќај за 10 проценти на 40 аеродроми со голем сообраќај почнувајќи од петок наутро.
Според извори запознаени со планот, намалувањата ќе се спроведуваат постепено почнувајќи од петок, а денес ќе биде објавено кои аеродроми ќе бидат засегнати од оваа мерка, како што објавија официјални лица, објавува CBS.
Прво, бројот на домашни летови ќе биде намален за четири проценти утре, потоа намалувањата ќе се зголемат на пет проценти во сабота и шест проценти во недела, пред намалувањето да достигне 10 проценти следната недела, објави Ројтерс по објавувањето на новата мерка, повикувајќи се на четири неименувани извори.
Откажувањата на летови би можеле да влијаат на помеѓу 3.500 и 4.000 летови дневно, според BBC. Администраторот на Федералната администрација за воздухопловство (FAA), Брајан Бедфорд, изјави дека намалувањето на капацитетот од 10 проценти е неопходно за да се ослободат контролорите на воздушниот сообраќај, објавува CBS, пренесува Б92.
Фото Економија и бизнис