Бизнис
ЗАТВОРАЊЕТО НА ЧЕЛИЧАРНИЦИТЕ ВО ГЕРМАНИЈА ЌЕ „ПРОИЗВЕДЕ“ ГОДИШНА ЗАГУБА ОД 50 МИЛИЈАРДИ ЕВРА
05.11.2025
Загубата на челичната индустрија би можела да ја чини Германија до 50 милијарди евра годишно, според неодамна објавена студија. Анализа на економисти од Универзитетот во Манхајм, до која агенцијата ДПА имаше пристап, наведува дека германската економија ќе биде силно погодена од глобалната криза со челикот доколку домашните фабрики за челик се затворат или се преселат во странство.
Таквото сценарио, во кое големите извозници на челик, како што е Кина, можат драстично да ги намалат испораките за Европа поради геополитички конфликти или проблеми во синџирите на снабдување, ќе доведе до нагло зголемување на цените за сродните индустрии во Германија, пренесува ДПА.
Најпогодени ќе бидат градежништвото, производство на метал, машинско инженерство и автомобилскиот сектор, кои сите се во голема мера зависни од челик.
„Зголемувањето на трошоците би го намалило производството, а со тоа и создавањето нови вредност во овие сектори“, се вели во студијата, пренесува Бизнис.рс.
Фото Економија и бизнис