Бизнис

Португалските власти запленија подморница со 1,7 тони кокаин

Португалските власти во Атлантски Океан запленија подморница, која превезувала 1,7 тони кокаин, при што се приведени четири лица.

Подморницата, што се движела кон Ибериски Полуостров, е запленета во соработка со Националната агенција за борба против криминалот на Велика Британија и Американската агенција за сузбивање дрога.

Двајца од уапсените се државјани на Еквадор, еден е од Венецуела и еден од Колумбија.

Изминатите години сè почесто се транспортира дрога со подморници. Во март беше конфискувана подморница во близина на Лисабон со 6,5 тони кокаин.

фото: МИА

ПРЕПОРАЧАНО

Најчитано