Економија
Македонија забележа раст што ги надмина очекувањата, поттикнат од станбената изградба, посочува Виенскиот институт во есенската прогноза
05.11.2025
Во есенската прогноза на Виенскиот институт за меѓународни економски студии, се проценува дека Црна Гора се соочува со дихотомија. Од една страна, економскиот раст е во согласност со очекувањата, невработеноста е на најниско ниво досега, а домаќинствата бележат силен раст на реалните плати. Од друга страна, ранливостите стануваат сè поизразени, со зголемување на инфлацијата, проширување на трговскиот дефицит и продлабочување на дефицитот на Пензискиот фонд.
Проекциите за раст на БДП за Црна Гора се 3,4 проценти за 2025 година,со 3,5 проценти до 2027 година. Се очекува стапката на инфлација да достигне 4,0 проценти во 2025 година.
Првата половина од 2025 година во Босна и Херцеговина е обележана со побавен економски раст, зголемена инфлација и зголемени политички тензии. Виенскиот институт ја ревидираше прогнозата за раст на БДП на 2,3 проценти за тековната година. Забавувањето е последица на намалувањето во градежниот и енергетскиот сектор и послабиот прилив на странски директни инвестиции.
Македонија забележа раст што ги надмина очекувањата, поттикнат од станбената изградба и силниот извоз (делумно поттикнат во периодот пред американските тарифи). Растот на БДП изнесува 3,4 проценти во вториот квартал од 2025 година, по 3,0 проценти во првиот, што ги надминува претходните проекции на Виенскиот институт од 2,6 проценти за тековната година. Затоа прогнозата е ревидирана на три проценти.
„Повторно растечката инфлација ги еродира реалните плати. Фискалната политика остана блага, кршејќи ги фискалните правила, со популистички трошења за пензии наместо за капитални проекти. Инфлацијата достигна 4,5 проценти во периодот од јуни до август “, се наведува во анализата, пренесува Бизнис.рс.
Фото Економија и бизнис