Економија

ПОВИСОКИ ПЛАТИ ЗА ЈАВНИОТ СЕКТОР ЗА ПОЛИЦИЈАТА, СПЕЦИЈАЛЦИТЕ И ЈАВНИОТ СЕКТОР ВО СРБИЈА, најави Александар Вучиќ

Платите во јавниот сектор во Србија ќе се зголемат за 5,1 процент почнувајќи од 1 јануари 2026 година, најави српскиот претседател Александар Вучиќ.

Тој изјави дека кумулативното зголемување оваа година со зголемувањето од 1 јануари за образованието ќе биде 28,6 проценти, а за здравството 19,2 проценти, и најави дека државата ќе „најде сила“ дополнително да ги зголеми платите за полицијата, за специјалните единици, за единицата за обезбедување на одредени лица и објекти и за операторите на тенкови.

Вучиќ изјави за телевизијата Прва дека минималните плати се зголемени кумулативно за 37 проценти за 13 месеци, додавајќи дека пензиите ќе бидат зголемени за 12,2 проценти од 1 декември и ќе бидат исплатени околу 6 јануари, што значи дека кумулативното зголемување на пензиите за 12 месеци изнесувало 24,4 проценти.

Тој рече дека стапката на инфлација во октомври била 2,8 проценти и дека се вратила на планираните граници.

Зборувајќи за инвеститорите кои заминуваат, тој изјави дека „Геокс“ и „Бенетон“ биле првите што си заминале, дека владата се бори „Дрекселмаер“ да остане во Србија и дека „Кентаур“ го напуштил Врање затоа што рекле дека „немале таква минимална плата“, но дека баварската компанија за производство на чизми вработила 130 до 140 луѓе. 

Вучиќ  смета оти следната година ќе биде година на исклучителен раст и дека Меѓународниот монетарен фонд предвидува дека Србија ќе биде број 1 или 2 на ниво на цела Европа до 2030 година, пренесува Данас.


Фото Економија и бизнис

 

ПРЕПОРАЧАНО

Најчитано