Економија

Производството на прехранбени производи со раст од 8,3 отсто

Индустриското производство во септември 2025 година е зголемено за 2,7 % во однос на септември 2024 година, објави Државниот завод за статистика.

Индустриското производство во секторот Рударство и вадење на камен во септември 2025 година, во однос на септември 2024 година, бележи опаѓање од 1,7 %, во секторот Преработувачка индустрија бележи пораст од 3,1 %, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација опаѓање од 2,5 %. 

Според главните индустриски групи, производството во септември 2025 година, во однос на септември 2024 година, бележи пораст кај Енергија за 1,6 %, Интермедијарни производи, освен енергија за 6,0 % и Капитални производи за 3,0 %, додека опаѓање бележи кај Трајни производи за широка потрошувачка за 5,6 % и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 0,6 %.

Индустриското производство во периодот јануари – септември 2025 година, во однос на периодот јануари – септември 2024 година, е зголемено за 2,3 %. 

Главни поенти

Најголемо влијание врз порастот на индустриското производство во септември 2025 година, во однос на септември 2024 година, имаат одделите: 

  • Производство на прехранбени производи со 8,3 %
  • Производство на електрична опрема со 8,2 %
  • Производство на моторни возила, приколки и полуприколки со 7,7 %
    Фото Економија и бизнис

ПРЕПОРАЧАНО