Економија

ВО СКОПСКИОТ РЕГИОН СЕ СОЗДАВА ПОЛОВИНА ОД НАЦИОНАЛНИОТ БДП

Скопскиот регион учествува со 45,9 % во бруто-домашниот производ, а Североисточниот Регион со 4,5 %, објави Државниот завод за статистика.

Во 2023 година, најголемо учество во бруто-домашниот производ на Република Северна Македонија има Скопскиот Регион со 45,9 %, додека најмало учество има Североисточниот Регион со 4,5 %.

Поголем бруто-домашен производ по жител, во споредба со просекот на Република Северна Македонија, имаат Скопскиот Регион со индекс 138,2 и Југоисточниот Регион со индекс 111,6. Сите други региони имаат бруто-домашен производ под просекот на Република Северна Македонија. 

Во 2023 година, најголемо учество во бруто-инвестициите во основни средства има Скопскиот Регион со 53,2 %.

Главни поенти

Со 16,8 %, Пелагонискиот Регион има најголем пораст на бруто-домашниот производ во однос на 2022 година.

Со 107,6 %, Полошкиот Регион има најголем пораст на бруто-инвестициите во основни средства во однос на 2022 година.


 

 Фото Економија и бизнис

ПРЕПОРАЧАНО