Бизнис

Европа ја губи трката во автомобилската индустрија

Европската автомобилска индустрија е во криза, поради зголемената глобална конкуренција, особено од Кина, и скапиот премин кон електрични возила. Од приближно 38 милиони патнички автомобили произведени во светот во 2025 година, 60 проценти ќе доаѓаат од Азија, додека ЕУ ќе учествува само со околу 16 проценти.

Кинескиот автомобил не е евтин, но нуди повеќе за помалку пари. Високата технологија и побогатата стандардна опрема се адутите што Кина ги добива во технолошката трка. Тие исто така сè повеќе стануваат сопственици на западни брендови.

„Кинеските автомобили денес дефинитивно можат да понудат многу работи во основните пакети опрема што може да бидат на списокот на дополнителни за некои традиционални конкуренти, а кога ќе се собере сè, всушност излегува дека е од 20 до 30 проценти поевтино“, вели  Милан Дербогосјан, регионален менаџер за Југоисточна Европа во Geely.

Во Кина има 109 официјално регистрирани марки автомобили, од нив 14 се продаваат на српскиот пазар. Сè повеќе кинески компании за автомобили отвораат салони, сервисни центри, па дури и фабрики во Европа, пренесува РТС.


Фото Економија и бизнис

 

ПРЕПОРАЧАНО

Најчитано