Бизнис

Во Белград на вода е платен најскапиот стан во Србија

Во Србија, во вториот квартал од оваа година, највисока сума од 1,8 милиони евра, се потрошени за купување стан во локацијата Белград на вода, со површина од 537 квадратни метри, додека најскапиот квадратен метар е продаден по цена од 9.056 евра на истата локација, објави денес Републичкиот геодетски завод (РГЗ).

Најскапата куќа е продадена на територијата на белградската општина Савски венец, за 3,8 милиони евра, додека најскапиот гаражен простор во вториот квартал е платен за 56.000 евра на територијата на белградската општина Звездара.

Вкупната вредност на прометот на пазарот на недвижности во Србија во вториот квартал од 2025 година изнесуваше 2,1 милијарди евра, што е за 13,9 проценти повеќе во однос на истиот период минатата година, објави РГЗ.

Во исто време, склучени се вкупно 31.944 договори за продажба, односно за 2,3 проценти повеќе во однос на истиот период минатата година.

Најголем удел во вкупната вредност на тргуваните недвижности има продажбата на станови со 1,2 милијарди евра, со учество од 60 проценти од вкупната тргувана вредност. Околу

161,7 милиони евра (осум проценти од вкупната вредност) се издвоени за куќи, 156,7 милиони евра (осум проценти од вкупната вредност) за градежно земјиште, 86,7 милиони евра (четири проценти од вкупната вредност) за деловен простор и 49 милиони евра (два проценти од вкупната вредност) за земјоделско земјиште.

Кога станува збор за начинот на плаќање, 15 проценти од сите тргувани недвижности се финансирани преку кредити, што претставува зголемување од шест процентни поени во споредба со истиот период од претходната година, пренесува Данас.


Фото Економија и бизнис

 

ПРЕПОРАЧАНО

Најчитано