Економија

КАКО ШВАЈЦАРИЈА СО ГОДИНИ Е ПРВА ЗЕМЈА ВО СВЕТОТ СПОРЕД ГЛОБАЛНИОТ ИНДЕКС НА ИНОВАЦИИ?

Швајцарија  е прва во светот веќе 15 години по ред според глобалниот индекс на иновации на Светската организација за интелектуална сопственост (WIPO), изјави Ан Лугон-Мулен, амбасадорката на Швајцарија во Србија на маргините на форумот AI 4 life, за Блиц бизнис.

- На врвот сме благодарение на две работи - големи инвестиции во истражување и развој и силна врска помеѓу академската заедница и приватниот сектор“, рече таа.

Швајцарија, додаде таа, особено се издвојува во развојот на вештачката интелигенција.

- Неодамна го отворивме шестиот најголем суперкомпјутер во светот, во Лугано, го имаме Центарот за вештачка интелигенција и роботика во Цирих, а во 2027 година ќе бидеме домаќини на Светскиот самит за вештачка интелигенција, изјави амбасадорката.

На прашањето како Швајцарија ги поврзува бизнисот и науката преку вештачката интелигенција, амбасадорката објасни дека државата финансира истражување, но не одлучува за изборот на експертите.

„Владата дава средства на универзитетите и истражувачките институти, а тие самите избираат со кои приватни компании сакаат да соработуваат. Пазарните можности, иновациите и потенцијалот ги препознаваат оние со најдобро знаење. Тоа е модел кој се покажа како исклучително успешен“, рече Лугон-Мулен, пренесува Блиц.


Фото Економија и бизнис

 

ПРЕПОРАЧАНО