Бизнис
Во Кина открино едно од најголемите наоѓалишта на злато во светот
25.10.2025
Геолозите во кинеската покраина Хунан открија едно од најголемите познати наоѓалишта на злато, кое се наоѓа под полето Вангу во округот Пингјанг.
Се проценува дека наоѓалиштето содржи околу 1.100 тони злато, чија вредност надминува 83 милијарди долари. Според државните медиуми, откриени се повеќе од 40 златни жици кои се протегаат до 3.000 метри длабочина, додека 3Д моделите покажуваат дека златната маса може да се спушти до 3 километри.
Анализите укажуваат на екстремно висока концентрација на злато до138 грама на тон руда, што е реткост дури и во најголемите рудници во светот. Доколку овие проценки се потврдат, новото наоѓалиште би можело да го надмине рудникот Саут Дип во Јужна Африка, кој моментално го држи рекордот со 1.025 тони злато.
Кина е веќе најголемиот производител на злато во светот, со околу 10% од глобалното производство, но исто така и најголем потрошувач и увозник, бидејќи троши три пати повеќе злато отколку што произведува самата, пренесува Бизнис.ба.
Фото Економија и бизнис