Економија

Во Црна Горa има 100.000 странци кои го диктираат пазарот на домување, локалните жители се селат на периферијата

Во последните години, цените на становите и кириите во Црна Гора растат побрзо од платите и стандардот на граѓаните. За само пет години, цената на киријата се зголеми за околу 80 проценти, а цената за еден квадрат се зголеми за двапати. Закупците имаат  потешкотии да најдат прифатлив дом, а странците продолжуваат масовно да купуваат и изнајмуваат недвижности, дополнително зголемувајќи ги цените и притисокот врз домашниот пазар. 

Додека бројот на странци во Црна Гора се зголемува, расте и загриженоста на граѓаните поради сè поскапите кирии и недвижности. Претседателот на ЦГ вели дека е време за поодговорна имиграциска политика, а Здружението на закупци предупредува дека на локалните жители им е сè потешко да најдат покрив над главата. Работодавците, од друга страна, тврдат дека без странски работници, економијата не би можела да функционира.

Моментално во земјата има 100.000 странски државјани. Здружението на закупци, исто така, смета дека е крајно време властите да ја заострат имиграциската политика.

Порастот на цените на недвижностите и кириите влијае и на работодавачите, бидејќи нивните вработени бараат повисоки плати.

Граѓаните се принудени да бараат помали станови далеку од градот. Економистите препорачуваат да се помести агендата за социјално домување од дното кон врвот на листата на приоритети, бидејќи станува неодржлива.

Локалните жители, во потрага по подобар живот, заминуваат во странство. Слободните работни места, најчесто во угостителството, туризмот и градежништвото, ги пополнуваат странци. Но, тоа, велат во Синдикатот на работодавачи, не влијае на намалувањето на трошоците за работна сила, објави Инвеститор.ме.


 

Фото Економија и бизнис 

ПРЕПОРАЧАНО

Најчитано