Бизнис

ПРЕПОЛОВЕНИ СТРАНСКИТЕ ДИРЕКТНИ ИНВЕСТИЦИИ ВО СРБИЈА

Нето странските директни инвестиции (СДИ) во Србија во текот на првите осум месеци од 2025 година се намалија за дури 54 проценти во споредба со истиот период минатата година, според податоците објавени од Народната банка на Србија (НБС). Нето странските директни инвестиции, достигнаа околу 1,49 милијарди евра во периодот од јануари до август.

Вкупните странски директни инвестиции во Србија во првите осум месеци изнесуваа 2,3 милијарди евра, но нето резултатот се добива кога ќе се одземат инвестициите на српските жители во странство.

Според прелиминарните податоци за првата половина од 2025 година, најголемите инвестиции се регистрирани во преработувачката индустрија (23,9 проценти), професионалните, научните, иновативните и техничките дејности (18,9 проценти), градежништвото (15,6 проценти), трговијата на големо и мало (14,5 проценти).

Инвеститорите во Србија  претежно се од ЕУ (68,6 проценти од вкупните инвестиции) и други европски земји (16,4 проценти), САД (4,1 процент) и Обединетите Арапски Емирати (3,7 проценти).


Фото Економија и бизнис

 

ПРЕПОРАЧАНО