Економија

НА ПАТНИЦИТЕ ИМ СЕ ПРЕПОРАЧУВА ДА ДОЈДАТ ПОРАНО ТРИ-ЧЕТИРИ ЧАСА ПРЕД ЛЕТОТ, гужви на аеродромите низ Европа поради новиот EES систем

Новиот систем за влез и излез од Европската Унија (EES) веќе стапи на сила и на патниците им се препорачува да пристигнат на аеродромите многу порано отколку порано. Идеално време е три до четири часа пред летот, предупреди Џулија Ло Бу-Сед, директорка на британската туристичка група Advantage Travel Partnership.

- Ако пристигнете во последен момент, ризикувате да се заглавите во редови и да се изнервирате уште повеќе. Гужвите се веќе забележливи на многу аеродроми, изјави Бу-Сед за Independent. 

Новиот EES систем, кој ги евидентира податоците за влезот и излезот на граѓаните од земјите надвор од Шенген, веќе предизвикува доцнења на шалтерите за регистрација, особено во утринските часови и на големите центри како што се аеродромите во Амстердам, Франкфурт и Париз. Тоа е времето кога следуваат повеќе авиони од Токио, Монтреал, Шангај, Њујорк и други градови слетуваат на аеродромот Шарл де Гол во Париз. Ако само една третина од патниците од тие летови мора да поминат низ новиот систем за контрола, тоа значи повеќе од 1.000 луѓе во ред.

Аеродромот во Луксембург се издвојува како еден од најефикасните, па затоа се препорачува како опција со најмало време на чекање - освен во четврток навечер кога пристигнува летот од Кина! 

На аеродромот во Палма де Мајорка, гужвите се речиси загарантирани помеѓу 12 и 12:30 часот, кога слетуваат седум авиони од Велика Британија со повеќе од 1.200 патници. Регистрацијата трае околу две минути по лице, а во овој период се формираат редици кои се расчистуваат дури по 15 до 20 минути.

Од романските воздухопловни власти,  препорачуваат граѓаните на трети земји да пристигнат на аеродромите „многу порано“ пред нивното планирано заминување, пренесува Вести онлајн.рс.


Фото Економија и бизнис

 

ПРЕПОРАЧАНО