Економија
Тензиите меѓу Кина и САД се главен извор на нестабилност во глобалната економија, предупредуваат од ММФ
17.10.2025
Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) денес предупреди на „значајни ризици од пад“ за глобалниот економски раст поради новите тензии меѓу Кина и Соединетите Американски Држави.
Директорот на Одделот за Азија и Пацификот во ММФ, Кришна Сринивасан, изјави дека евентуалното воведување повисоки тарифи и прекини во синџирите на снабдување би можеле да го намалат глобалниот раст за 0,3 процентни поени.
Кинеско-американските односи неодамна повторно се влошија откако Соединетите Држави ги проширија технолошките ограничувања и предложија воведување тарифи за кинеските бродови што влегуваат во американските пристаништа.
Кина одговори со построги контроли врз извозот на ретки метали, дополнително зголемувајќи го нивото на неизвесност во меѓународната трговија.
ММФ очекува економскиот раст во Азија да забави од 4,6 проценти во 2024 година на 4,5 проценти во 2025 година и на 4,1 процент во 2026 година.
Азиската економија во моментов е отпорна благодарение на силниот извоз, технолошкиот бум и поволните макроекономски услови, но Сринивасан нагласи дека трговските тензии остануваат главен извор на нестабилност, пренесува Б92.
Фото Економија и бизнис