Вести
Отворање на првата конференција за развивање видео игри во земјава
16.10.2025
Првата конференција за развивање видео игри во Северна Македонија Game Dev Rev 2025 ќе се одржи денеска во Македонскиот народен театар, во организација во организација на Асоцијацијата на македонската индустрија за развивање на видео игри (МГИ Скопје).
На конференцијата ќе присуствува претседателот на Европската федерација за развивање на видео игри, Јари-Пека Калева, врвни говорници и спикери, а повеќе од 30 инди студија ќе ги претстават своите игри во Indie Zone делот, нудејќи преглед на следниот бран на креативци. Панелите и работилниците посветени на продукција ќе опфатат теми кои се насочени кон раст на екосистемот и бизнисот на развивање видео игри.
Како што најавија организаторите, на конференцијата е предвидено и обраќање на министерот за култура и туризам Зоран Љутков како и претставник на Western Balkans Fund.
- Конференцијата има цел да отвори ново поглавје на македонската сцена за развивање видео игри. Како се уште недоволно истражен регион за креативност и талент, земјава има огромен потенцијал, а GDR25 е дизајнирана на студентите, младите креативци и професионалците да им обезбеди мотивација, насоки, контакти, па дури и самодоверба за да се впуштат и напредуваат во индустријата за развивање видео игри, стои во соопштението на организаторите.
GDR2025 е поддржана од Министерството за култура и туризам, Western Balkans Fund програмата како и организации посветени на развојот на дигиталната креативност.
Извор/фото МИА