Економија
Декемвриските пензии во Србија повисоки за 6.000 динари
13.10.2025
Пензиите во Србија од декември годинава ќе бидат зголемени за 12,2 отсто од декември. Според најновите податоци од август, просечната пензија била 50.657, а по зголемувањето, нејзиниот износ треба да изнесува околу 56.842 динари (околу 485 евра).
Со најавеното зголемување од 12,2 отсто, просечната пензија ќе биде повисока за околу 6.000 динари ( околу 51 евро).
Пензиите и другите права од пензиското и инвалидското осигурување (ПИО) ќе бидат зголемени за 12,2 отсто врз основа на процентот на нето пензиите во бруто домашниот производ (БДП), а применети на просечниот износ на пензијата за август од 50.657 динари, просечната декемвриска пензија ќе изнесува 56.837,1 динари, изјави претходно директорот на Фондот ПИО, Реља Огњеновиќ.
Кумулативното зголемување на пензиите од ноември 2024 до декември 2025 година е 24,4 отсто, пренесува Блиц.
Фото Економија и бизнис