Бизнис

Во следната деценија во светот ќе расте потрошувачката на живинарско месо

Во текот на следната деценија, во светот потрошувачката на месо од живина ќе достигне  45 отсто во вкупната потрошувачка на месо во светот.

Организацијата за храна и земјоделство (ФАО) предвидува дека во текот на следната деценија, глобалната потрошувачка на живинско месо ќе се зголеми за 16 отсто, на 160 милиони метрички тони, и дека ќе достигне 45 отсто од вкупното консумирано месо.

Во текот на претходната деценија, месото од живина беше најзастапеното месо на светската маса, со учество од 41 отсто во 2024 година, најмногу благодарение на растечката потрошувачка на оваа храна во Азија, особено во Кина, Индија, Индонезија и Виетнам.

Се очекува ваквите трендови на азискиот пазар да продолжат, но потрошувачката на живинско месо значително да се зголеми во Бразил, Мексико, Европската Унија и Соединетите Американски Држави.

Главната причина за таквата популарност на овој вид месо е тоа што е најевтино, но и затоа што живината содржи поздрава комбинација на протеини и масти.. Во последно време, живината добива приоритет и поради фактот што нејзиното одгледување предизвикува помала штета на животната средина во споредба со производството на таканареченото црвено месо.

Додека жителите на САД и Кина јадат најмногу од овој вид на месо во апсолутни бројки, кога станува збор за потрошувачката на живина по глава на жител лидери се: неколку мали островски земји: Свети Винсент и Гренадини, Тринидад и Тобаго, Самоа, по што следува Израел, чии жители колективно јадат повеќе од 60 килограми живинско месо по лице годишно, пренесува Н1.


Фото Економија и бизнис

 

 

ПРЕПОРАЧАНО