Вести
Блокадата на американската влада продолжува, сенатот повторно не успеа да го усвои законот за финансирање
09.10.2025
Американскиот Сенат повторно не успеа да усвои закон за финансирање на владата до 21 ноември, а прекинот на работата на владата влезе во осмиот ден.
Сенатот го отфрли законот на Претставничкиот дом со 54 гласови „за“ и 45 „против“, со што не го достигна прагот од 60 гласови потребен за усвојување на законот, објави Си-ен-ен.
Ова беше шести обид за усвојување на закон за финансирање. Сенатот, исто така, ја отфрли верзијата на демократите за законот за финансирање, која вклучува неколку одредби за здравствена заштита.
Затворањето на американската влада започна на 1 октомври, на почетокот на фискалната 2026 година, откако демократите во Сенатот го отфрлија законот за краткорочно финансирање со кој федералните оддели ќе ги држеа отворени до 21 ноември.
Демократите одбиваат да го поддржат предлогот на републиканците без големи отстапки, со фокус на здравствената заштита.
Извор/фото МИА