Бизнис
ХРВАТИТЕ ПОЧНАА ДА ПРИФАЌААТ РАБОТНИ МЕСТА НАМЕНЕТИ ЗА СТРАНЦИТЕ, по три години раст годинава се издадени помалку дозволи за странски работници
08.10.2025
По повеќегодишниот силен раст на бројот на издадени дозволи за странски работници во Хрватска, годинава има намалување на издадените дозволи за странските работници. Минатата година бројот на издадените дозволи за странските работници е повеќе од 206 илјади. Во првите девет месеци од 2025 година има помалку дозволи за странски работници и доколку продолжи до крајот на годината, бројот на дозволи би можел да падне под 180 илјади. Според најновите податоци од Министерството за внатрешни работи, на крајот на септември се издадени помалку од 136,2 илјади, што е за 22,6 илјади или 14,3 проценти помалку отколку во истиот период минатата година.
Со зголемувањето на платите, одредени работни места во Хрватска стануваат поинтересни за домашните работници, а се зголемува и бројот на пензионери кои одлучуваат да работат со скратено работно време покрај пензијата.
Според најновите податоци од Хрватскиот институт за пензиско осигурување, во средината на оваа година повеќе од 37,5 илјади постари лица работеле со пензија, што е за 17 проценти (или околу 5,5 илјади) повеќе отколку во истиот месец минатата година.
Од петте индустрии кои најмногу се потпираат на увоз на работна сила и на кои се однесуваат речиси 90 проценти од издадените дозволи за работа и престој, раст е забележан само во трговијата. Оваа година е зголемување на работници од надвор е забележано само кај Филипинците кои често се вработени токму во трговскиот сектор. Гледано по дејности, оваа година најмногу дозволи се издадени за работа во туристичкиот и угостителскиот сектор, додека минатата година најбројни беа во градежништвото. Секако, во двата сектори, вкупно се издадени помалку отколку во првите девет месеци од минатата година, но во случајот со градежниците, тие се речиси 28 проценти помалку, додека во туризмот е забележано намалување од само пет проценти.
Како и претходно, граѓаните на Босна и Херцеговина се најбројни. Работната сила од околните пазари за пополнување на домашниот пазар на труд постепено се исцрпува, па затоа се издадени помалку дозволи за работници од Босна и Херцеговина отколку минатата година (за 17 проценти, на 25,7 илјади), пренесува Пословни дневник.
Фото Економија и бизнис