Економија

Германското индустриско производство во слободен пад

Германското индустриско производство во август забележа многу поголем пад од очекуваниот, за што главно придонесе остриот пад на производството во автомобилската индустрија, поради намалувањето на обемот на нарачки што скокна пред стапувањето во сила на американските царини во првиот дел од годината.

Во споредба со претходниот месец, германското индустриско производство се намали за 4,3 проценти во август, соопшти Федералниот завод за статистика во среда, што е најголемиот месечен пад од март 2022 година.

Производството во најголемата индустриска гранка во Германија, автомобилската индустрија, се намали минатиот месец за огромни 18,5 отсто, поради комбинација од неколку фактори, вклучувајќи редовно затворање на фабрики поради одмори и промени во производството, објави заводот за статистика.

Побарувачката од САД, кои се најголемиот трговски партнер на Германија, се забави по периодот на зголемување на нарачките, пренесува Бизнис.ба.


 

Фото Економија и бизнис 

ПРЕПОРАЧАНО