Вести
На Дебарско Езеро почнува тридневен крап куп меморијален риболовен натпревар
08.10.2025
Спортското риболовни друштво „Трофта" (Пастрмка) организира, крап куп меморијален турнир во знак на почит на прерано починатиот познат спортски риболовец Бјонди Граждани.
- Овој турнир не е само натпревар, туку е дружба, убава можност за споделување моменти на пријателство, сеќавање и почит кон нашиот Бјонди, со зајакнување на врските помеѓу учесниците и нашата риболовна заедница, рече за МИА, Бели Халити, претседател на друштвото.
Пријавени за учество се 20 екипи, збирно место е градската плажа, турнирот почнува утре во 10 часот а завршува на 12 октомври во 14 часот.
- Правилата на натпреварот се улови и пушти, се прифаќаат само риби крап и амур, тимовите ги сочинуваат по тројца риболовци со право до 6 трски не подолги од 4 метри. Дозволено е само 1 трска 1 јадица и хранење со семиња, пелети, боила, PVA, spomb, катапулт, ракета и лопата. Забранета е методата фидер. Натпреварот ќе го следи професионален судија од риболовната федерација на Македонија, посочи Халити.
Фото: СРД "Трофта"-Дебар