Бизнис

Лула побара од Трамп укинување на царините од 40 проценти за бразилскиот увоз

Претседателот на Бразил, Инацио Лула да Силва во денешниот телефонски разговор со американскиот колега Доналд Трамп побара укинување на царината од 40 проценти за бразилските производи.

Лула го поканил Трамп да присуствува на претстојниот Самит за климата, што ќе се одржи во Белем.

По телефонскиот разговор Трамп на својата социјална мрежа „Трут соушл“ (Truth social) објави дека со Лула имал добар разговор.

- Разговаравме за многу работи, но најмногу се фокусиравме на економијата и трговијата помеѓу нашите земји, наведе Трамп, додавајќи дека двајцата „ќе имаат повеќе разговори“ и оти набрзо ќе се сретнат и во Бразил и во САД.


 

Извор/фото МИА 

ПРЕПОРАЧАНО

Најчитано