Бизнис

САМИТ ЗА СПАС НА ГЕРМАНСКАТА АВТОМОБИЛСКА ИНДУСТРИЈА, продолжување на даночните олеснувања за купување на е-автомобили

Германската влада има намера да ги задржи даночните олеснувања за купување на електричните возила уште една деценија, изјави министерот за финансии Ларс Клингбаил. Тој додаде дека наскоро ќе презентира нацрт-закон што ќе ја замени постојната регулатива.

„Сега ни се потребни стимулации за да имаме значително повеќе електрични автомобили на патиштата во наредните години. Затоа продолжуваме со  ослободување од плаќање даноци за  автомобилите“,  изјави Клингбаил за ДПА.

Ослободувањето од данок за новорегистрирани електрични возила вообичаено истекува на крајот од годината.

Клингбаил планира да го продолжи тој рок за уште пет години, со можност за продолжување за максимум уште пет години, односно до крајот на 2035 година.

Олеснувањето од данок ќе биде дел од поширок пакет што ќе биде тема на автомобилскиот самит во кабинетот на канцеларот Фридрих Мерц во четврток.

„Ни треба силен пакет што ќе ја насочи германската автомобилска индустрија кон иднината и ќе ги зачува работните места. Сакаме најдобрите автомобили да продолжат да доаѓаат од Германија“, рече Клингбаил.

На самитот оваа недела ќе учествуваат претставници на водечките компании од германската автомобилска индустрија, бизнис и синдикати, како и министри од федералната влада и покраински премиери, пренесува Н1.


Фото Економија и бизнис

 

ПРЕПОРАЧАНО

Најчитано