Бизнис

Од полноќ поевтинуваат бензините

За денар ипол поевтинуваат бензините и Екстра лесното масло за домаќинство, а дизелот поевтинува за еден денар. Ваква одлука донесе денеска Регулаторната комисија за енергетика. 

Од полноќ, новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе изнесува 74 ден/лит,  а ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе се продава по цена од 76 ден/лит, додека малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1)ќе изнесува 68 ден/лит.

Малопродажната цена на Евродизелот ќе биде 68,50 ден/лит.

Се намалува и цената на мазутот за 0,931 ден/кг кој ќе се продава по цена од 36,660 ден/кг. 

 

ПРЕПОРАЧАНО

Најчитано