Економија
Фокус на УНДП: зелени инвестиции и Националната развојна стратегија
06.10.2025г
УНДП во моментов ја спроведува Националната развојна стратегија 2024–2044, првата долгорочна визија на Северна Македонија, која ја обединува агендата за одржлив развој и европска интеграција. Постојаниот претставник Армен Григорјан истакна дека стратегијата е создадена преку најинклузивен процес досега, со учество на над 16 илјади граѓани и институции.
Покрај тоа, УНДП работи на зелени иницијативи како „Зелениот финансиски инструмент“, кој им овозможува на домаќинствата и малите претпријатија пристап до поволни кредити за обновлива енергија и енергетска ефикасност, како и на проектот „ЕУ за Преспа“, што ја унапредува зелената агенда и регионалната соработка.
Целото интервју можете да го прочитате на следниот ЛИНК