Економија

Кои беа најтргуваните акции на Македонската берза минатата недела?

Минатата недела, во периодот од 29.09.2025 до 03.10.2025г година на Македонската берза на хартии од вредност на официјалниот пазар (акции и обрврзници) беше остварен вкупен промет од 87,9 милиони денари или околу 1,4 милиони евра. Овој промет беше реализиран преку 396 трансакции преку кои се истргуваа вкупно 10 463 акции и 79 321 обврзници.



Најтргувани според прометот беа акциите на Комерцијална банка АД Скопје. Со нивното тргување беше остварен промет од 24,4 милиони денари или околу 397,5 илјади евра (28 % од вкупниот промет). Втори најтргувани акции измината недела беа акциите на Макпетрол Скопје со вкупен промет од 14,8 милиони денари или околу 241,6 илјади евра (17 % од вкупниот промет). Потоа следуваа акциите на Алкалоид Скопје со 11,4 милиони денари или околу 186,1 илјади евра (13,1 % од вкупниот промет). Во топ 5 акции според прометот изминатата недела беа уште и акции на НЛБ Банка АД Скопје со 7 милиони денари или околу 114 илјади евра и акциите на Гранит Скопје со промет од 5,9 милиони денари или 97,1 илјади евра.

ПРЕПОРАЧАНО

Најчитано