Вести

Повисоки сметки за вода за жителите во Скопје

Сметките за вода во Скопје дд септември ќе бидат повисоки и цената на еден кубен метар  вода се зголемува за 3,2 денари. Наместо досегашните 31,81 денар, скопјани ќе плаќаат 35,02 денари за еден кубик потрошена вода.

Одлуката за зголемување ја донесе Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги, на 25 август, бидејќи како што соопштија медиумите,  биле принудени да реагираат, затоа што ЈП „Водовод и канализација“ не ги спровело претходните препораки за усогласување на цената.

Во просек, зголемувањето значи околу 40 денари повеќе по сметка. Така, доколку едно домаќинство досега плаќало околу 1.000 денари, сега ќе плати приближно 1.040 денари, информираат од  Комисијата.


Фото Економија и бизнис

 

ПРЕПОРАЧАНО

Најчитано