Вести
Поради снежни врнежи, забрана за камиони на патните правци Маврово - Дебар и Гостивар - Кичево преку Стража
02.10.2025
Од вечерва е воведена забрана за тешки товарни возила на магистралниот пат Маврово - Дебар и на патниот правец Гостивар - Кичево преку планинскиот премин Стража.
Како што информира АМСМ, забраните се воведуваат поради обилните врнежи од снег и задржувањето на снегот на коловозите.
Забраната за камионите на патот Маврово - Дебар важи од 19:45 часот, а за патниот правец Гостивар - Кичево преку Стража од 20.00 часот.
Фото Економија и бизнис