Вести

Велосипед на батерии предизвикал пожар во стан во Загреб!

Во стан во зграда во Загреб синоќа избил пожар кој бил предизвикан со полнење на електричен велосипед. Станот бил на шести кат во зградата и е со површина од 50 м², од кои 25 м² биле зафатени од пожарот. Целиот стан бил оштетен од чад, соопштија пожарникарите.

Станува збор за пожар во кој била вклучена батерија на електричен велосипед, која сопственикот успеал да ја изнесе на мал балкон по првичното разгорување. Пожарот брзо бил ставен под контрола, а сопственикот на станот избегал без повреди. За среќа, пожарот не се проширил на покривот, а соседниот балкон бил оштетен од топлината, објави Тпортал.


 

Фото Економија и бизнис 

ПРЕПОРАЧАНО

Најчитано