Вести

Со секој дожд во Скопје, сообраќаен метеж на улиците!

Под влијание на влажен и студен бран, времето денеска и утре ќе биде облачно, студено и со чести врнежи од дожд, кои на повеќе места ќе бидат обилни. Според најавите, се очекува да наврнат над 30 литри дожд на метар квадратен, а локално и над 50 литри на метар квадратен. Дождот денеска ги принуди скопјани да излезат порано со своите возила за да стигнат навреме до своите работни места, што предизвика сообраќаен метеж низ скопските булевари и улици.

Според прогнозата на УХМР, од утре поради продор на постудена воздушна маса од север и засилен северен ветер, на планините врнежите ќе преминуваат во снег. Во петок, со натамошно опаѓање на температурите, ќе има услови за снег и на повисоките места. На планините се очекува формирање значителна снежна покривка.

Од сабота следува стабилизација на времето со ниски утрински температури, додека дневните ќе бидат во пораст. 


 

Фото Економија и бизнис 

ПРЕПОРАЧАНО

Најчитано