Економија
НАМАЛУВАЊЕ НА ФЕДЕРАЛНАТА БИРОКРАТИЈА ЗА ОСУМ ОТСТО, германски план за модернизација на државната администрација
01.10.2025
Германската влада усвои план за модернизација на државата и државната администрација. Планот предвидува околу 80 мерки за поголема ефикасност, поблизок контакт со граѓаните и дигитализација. Имплементацијата на првите проекти треба да започне веднаш, објави Министерството за дигитализација и модернизација на државата, објави агенцијата ДПА.
Таканаречената агенда за модернизација претходно беше и последна тема на дводневната консултација на кабинетот, по што следеше редовна владина седница.
Според планот, владата има намера да ги намали трошоците за бирократија за 25 проценти, што изнесува околу 16 милијарди евра. Бројот на вработени во федералната администрација треба да се намали за осум отсто.
Планирани се и централен онлајн регистар на возила, дигитален портал за пријавување на бирократски пречки, како и обуки и алатки за вештачка интелигенција. Обуката е за вработени во министерствата кои подготвуваат закони. Целта е попрактична и помалку бирократска регулатива, пренесува Бизнис.рс.
Фото Економија и бизнис