Економија

Во Германија расте невработеноста, но таа е под психолошката граница

Во септември бројот на невработени во Германија падна под психолошката граница од три милиони лица односно на 2,955 милиони, а стапката на невработеност се намали за 0,1 процентен поен на 6,3 проценти, објави денес Федералната агенција за вработување  со седиште во Нирнберг.

Во споредба со септември 2024 година, бројот на невработени во Германија е поголем за 148.000, а стапката на невработеност се зголеми за 0,3 процентни поени.

Според претседателката на Федералната агенција, Андреа Налес, падот на невработеноста во септември е претежно сезонски. Тој е поврзан со крајот на летниот распуст во одредени сектори и влегувањето на младите во образовните програми, што привремено исклучува дел од населението од статистиката за невработеност.

Сепак, на пазарот на трудот сè уште му недостасуваат посилни импулси за трајно оживување на вработеноста.

Потребата на претпријатијата за работна сила продолжи да се намалува во септември. На крајот од месецот, во агенцијата беа пријавени 630.000 слободни работни места, што е за 66.000 помалку од пред една година. Бројките покажуваат дека работодавците во Германија сè уште не планираат да вработат повеќе луѓе, пренесува Политика.


Фото Економија и бизнис

 

ПРЕПОРАЧАНО

Најчитано