Бизнис
ДОПОЛНИТЕЛНИ 200 МАРОКАНСКИ РАБОТНИЦИ ВО ФАБРИКАТА ЗА АВТОМОБИЛИ ВО КРАГУЕВАЦ
30.09.2025
Фабриката на „Стелантис“ во Крагуевац ќе прими дополнителни 200 марокански работници на почетокот на октомври, кои ќе им се придружат на стотината што веќе пристигнаа во претходните денови, објавија француските медиуми, а оваа информација беше споделена денеска и од српските медиуми.
Целта на на овие вработувања е да се зајакнат производствените линии на моделот „Фиат Гранде Панда“, бидејќи производството на тој автомобил треба да престане во шест европски фабрики веќе во октомври.
Синдикатите во Србија потсетуваат дека производителот не можел да најде никого „кој би бил подготвен да прифати месечна плата од околу 600 евра“, објавува „Бета“.
Поради недостатокот на локална работна сила, „Стелантис“се потпира на масовно регрутирање работници од Мароко за да го достигне целосниот капацитет, при што фабриката веќе произведува околу 350 возила дневно“, пренесува Бизнис.рс.
Фото Економија и бизнис