Економија

Македонскиот БДП по жител е 8.025 евра, ДЗС ги објави дефинитивните податоци за 2023 година

Бруто-домашниот производ во 2023 година изнесуваше 902 905 милиони денари и во однос на 2022 година е номинално зголемен за 10,6 %. Реалната стапка на раст на бруто-домашниот производ (БДП) во 2023 година, во однос на 2022 година, e 2,6 %, објави Државниот завод за статистика

БДП во 2023 година изнесуваше 902 905 милиони денари и во однос на 2022 година е номинално зголемен за 10,6 %.

Најголемо учество во додадената вредност со 18,6 % во структурата на БДП во 2023 година имаат секторите: Трговија на големо и трговија на мало; поправка на моторни возила и мотоцикли; Транспорт и складирање; Објекти за сместување и сервисни дејности со храна. 

Инвестициите во основни средства во 2023 година, во однос на 2022 година номинално пораснаа за 13,6 %, а во стуктурата на БДП учестуваат со 24,7 %.

Во техничката структура на инвестициите во основни средства, градежните работи учествуваат со 57,8 %, машините и опремата со 32,5 %, а останатите инвестиции со 9,7 %.

Финалната потрошувачка во 2023 година, во однос на 2022 година, номинално порасна за 9,1 %, а во структурата на БДП учествува со 83,4 %.

Учеството на извозот на стоки и на услуги во структурата на БДП во 2023 година e 67,4 %.

Главни поенти

Во 2023 во однос на 2022 година бруто-домашниот производ:

  • Реално е зголемен за 2,6 % 
  • Номинално e зголемен: за 10,6 %
  • По жител е 8.025 евра
    Фото Економија и бизнис

 

ПРЕПОРАЧАНО

Најчитано