Бизнис

Реално зголемување на трговија на мало со храна, пијалаци и тутун

Во август 2025 година во однос на истиот месец од претходната година реалната стапка на прометот во групата Трговија на мало со храна, пијалаци и тутун е зголемена реално за 3,8 %, објави Државниот завод за статистика

Во трговијата на мало во август 2025 година, во споредба со август 2024 година, гледано по групи и класи, стапката на прометот во групите: Трговија на мало со храна, пијалаци и тутун номинално е зголемена за 11,2 %, а реално за 3,8 %, Трговија на мало со непрехранбени продукти, освен гориво, номинално е зголемена за 0,3 %, а реално опаѓа за 3,7 %, Трговија на мало, освен трговија со горива номинално е зголемена за 6,0 %, а реално за 0,2 % и Трговија на мало со автомобилски горива е зголемена реално за 4,8 %, а номинално опаѓа за 0,4 %. 

Главни поенти

Во август 2025 година во однос на истиот месец од претходната година стапката на прометот во следниве групи/класи:

  • Трговија на мало со храна, пијалаци и тутун номинално е зголемена за 11,2 %, а реално за 
    3,8 %
  • Трговија на мало со автомобилски горива е зголемена реално за 4,8 %, а номинално опаѓа за 0,4%. 
    Фото Економија и бизнис

 

ПРЕПОРАЧАНО

Најчитано