Економија
ГОЛЕМ ПАД НА ПРОИЗВОДСТВОТО ВО СЕКТОРОТ СО ЕЛЕКТРИЧНА ЕНЕРГИЈА, намалено индустриското производство во август
30.09.2025
Индустриското производство во август 2025 година е намалено за 3,5 % во однос на август 2024 година.
Индустриското производство во секторот Рударство и вадење на камен во август 2025 година, во однос на август 2024 година, бележи пораст од 7,0 %, во секторот Преработувачка индустрија бележи опаѓање од 1,4 %, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација опаѓање од 26,8 %.
Според главните индустриски групи, производството во август 2025 година, во однос на август 2024 година, бележи опаѓање кај Енергија за 23,7 %, Капитални производи за 12,0 %, Трајни производи за широка потрошувачка за 9,1 % и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 5,7 %, додека пораст бележи кај Интермедијарни производи, освен енергија за 14,8 %.
Индустриското производство во периодот јануари – август 2025 година е зголемено за 2,2 % во однос на периодот јануари – август 2024 година.
Главни поенти
Најголемо влијание врз опаѓањето на индустриското производство во август 2025 година, во однос на август 2024 година, имаат одделите:
- Производство на прехранбени производи со 6,1 %
- Производство на машини и уреди, неспоменати на друго место со 19,3 %
- Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација со 26,8 %
Фото Економија и бизнис