Бизнис

Трамп воведе царини и за увоз на мебел

Претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, потпиша проглас со кој се воведува царина од 10 проценти за увоз на дрвeна граѓа, додека царината за тоалетни и кујнски елементи и тапацирани дрвени производи ќе изнесува 25 проценти, објави Белата куќа.

Царините ќе стапат на сила на 14 октомври, според текстот на прогласот на Трамп објавен од Белата куќа, објави Ројтерс.

Од 1 јануари, царините ќе бидат дополнително зголемени - на 30 проценти за тапацирани дрвени производи и на 50 проценти за кујнски и тоалетни елементи увезени од земји кои не постигнале договор со Соединетите Американски Држави.


Фото Економија и бизнис

 

ПРЕПОРАЧАНО

Најчитано