Економија
Кои беа најтргувани акции во период од 22.09.2025 до 26.09.2025г. на Македонската берза?
29.09.2025г
Неделен извештај за периодот 22.09.2025 – 26.09.2025г.
Минатата недела, во периодот од 22.09.2025 – 26.09.2025 година на Македонската берза на хартии од вредност на официјалниот пазар беше остварен вкупен промет од 69,7 милиони денари или околу 1,13 милиони евра.
Најтргувани беа акциите на Комерцијална банка Скопје. Со нивното тргување беше остварен промет од 27,1 милиони денари или околу 442 илјади евра (38,9 % од вкупниот промет). Втори најтргувани акции измината недела беа акциите на Алкалоид Скопје со вкупен промет од 15,9 милиони денари или околу 259,6 илјади евра (22,8 % од вкупниот промет). Потоа следуваа акциите на Макпетрол со 14,1 милиони денари или околу 230 илјади евра (20,2 % од вкупниот промет).
Во топ 5 акции според прометот изминатата недела беа уште и акции на Стопанска банка Скопје со 3,4 милиони денари или околу 56,3 илјади евра и акциите на НЛБ Банка АД Скопје со промет од 2,6 милиони денари или околу 42,4 илјади евра.

Истовремено беше реализирана блок трансакција во износ од 95.8 милиони денари со акциите на Гранит, како и четири блок трансакции со акции на Макпетрол преку кои се истргуваа вкупно 224 акции за 26 милиони денари.
Прометот на официјалниот пазар беше остварен со 276 трансакции со кои се истргуваа вкупно 6 494 акции и 40 000 обврзници.