Бизнис

Централниот регистар нуди над 100 услуги

Централниот регистар беше меѓу првите институции кои се приклучија на платформата на интероперабилност и денес таа размена на информации меѓу институциите се одвива на стандарден, безбеден и унифициран начин, овозможувајќи услуги без хартија, без чекање и без непотребна бирократија. Централниот регистар на платформата за интероперабилност на месечно ниво прави над 100 илјади трансакции, изјави министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски, на одбележувањето 24 години Централен регистар. 

Централниот регистар, според Андоновски, е институција којашто 24 години е клучен мотор за движење на македонската економија и Министерството за дигитална трансформација го гледа како еден од клучните партнери и носител на визијата за модерна, транспарентна и дигитална држава. 

- Во изминатите две децении како држава успеавме да го изградиме Централниот регистар како симбол на модерна и ефикасна администрација, институција која денес управува со десетици регистри, нуди над 100 услуги и е прва адреса за секој што сака да започне бизнис во Македонија, изјави Андоновски.  

За да постигнеме просперитетна држава во која одржливата дигитализација го подобрува животот на граѓаните, ги поттикнува напорите за борба против корупција, привлекува странски инвестии и овозможува иновации, според Андоновски, треба да вложуваме во модерни и дигитализирани институции. 


 

Извор/фото МИА

ПРЕПОРАЧАНО

Најчитано