Бизнис

Над 220 учесници на Годишна соларна конференција во Скопје

Здружението за сончева енергија, Солар Македонија денеска ќе ја отвори четвртата Годишна соларна конференција, чија цел е информирање за најновите информации од енергетскиот сектор, најдобри практики од регионот како и информации за технологиите кои се достапни на пазарот со цел постигнување на најголема ефикасност.

Најавено е присуство на 220 учеснивци, а ќе се одржат и над 15 комерцијални презентации од познати светски брендови на сончева опрема и домашни реномирани компании. Предвидено е вмрежување и посета на изложбениот дел од 9 до 11 часот, а официјалното отварање е од 11 часот.

Според организаторите, конференцијата ќе ја отвори претседателот на здружението, проф. д-р Илија Насов, а најавено е свои воведни излагања да имаат министеркаа за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска. Се очекува италијанскиот амбасадор Паоло Палминтери да додели благодарница за успешната соработка помеѓу Енерџи Ки Експо во Римини и Солар Македонија.

Во рамките на настанот ќе биде презентирана и услугата за бизнис дијагностика како можност за раст на домашните компании преку Швајцарскиот проект за модернизација (Swiss Modernisation Project).

Здружението за сончева енергија, Солар Македонија е стручно, научно, образовно и невладино здружение чии фокус е зајакнување на соработката меѓу македонските компании во секторот за сончева енергија (производители, изведувачи, увозници, трговци), како и поврзување на експерти и научници од сите научни гранки за промоција на обновливите извори на енергија. Организацијата работи на секое ниво во синџирот на добавување, од производство до сервис и одржување на сончевите енергетски системи, како и на промоција на сончевата енергија како одржливо решение за енергетските потреби. Брои над 100 домашни и интернационални членки.


Фото Економија и бизнис

 

ПРЕПОРАЧАНО

Најчитано