Економија

ОЕЦД ја зголеми прогнозата за раст на глобалната економија

Од Организацијата за економска соработка и развој (ОЕЦД) објавија дека светската економија се покажала како поотпорна од очекуваното во првата половина од годината.

ОЕЦД ја зголеми својата прогноза за раст на глобалната економија за 2025 година на 3,2 проценти, во споредба со 2,9 проценти во претходната проценка.

Перспективата за 2026 година остана непроменета на 2,9 проценти, „бидејќи авансни плаќања завршуваат, а повисоките тарифи и сè уште високата политичка неизвесност ги намалуваат инвестициите и трговијата“, се вели во извештајот.

ОЕЦД предупреди дека ризиците од пад остануваат, наведувајќи ги повисоките трговски бариери, геополитичките тензии и политичката неизвесност.

Предвидувањата се  дека растот на БДП на САД ќе забави на 1,8 проценти во 2025 година и 1,5 проценти во 2026 година. 

Растот на еврозоната се предвидува да биде 1,2 проценти во 2025 година и еден процент во 2026 година, во услови на зголемени трговски тензии и геополитичка неизвесност.

Растот на Кина ќе забави на 4,9 проценти во 2025 година и 4,4 проценти во 2026 година, како што ќе се зголемат царинските притисоци и ќе ослабне фискалната поддршка, пренесува Бизнис.рс.


Фото Економија и бизнис

 

ПРЕПОРАЧАНО

Најчитано