Вести

РАДЕВ: Бугарија никогаш нема да постави услови надвор преговарачката рамка СИЉАНОВСКА-ДАВКОВА:Посериозна препрека е билатерализацијата на интегративниот процес од самите балкански соседи

Има Договор за добрососедство, пријателство и соработка од 2017 година и во него има два протокола. Има преговарачка рамка од 2022 година, европски консензус на сите земји членки и од власта на Северна Македонија, така што Бугарија никогаш не поставила и нема да постави услови надвор од тој договор, надвор од преговарачката рамка и надвор од двата протоколи.

Ова го изјави бугарскиот претседател Румен Радев, одговарајќи на новинарско прашање дали Бугарија има цврста гаранција дека нема повеќе да има никакви условувања доколу Бугарите влезат во Уставот на Македонија.

- Ние сакаме час поскоро се што стои во тие документи да се запази. Тоа што сакаме да го видиме е навистина запазување на човековите права. Станува збор за човекови права, чекаме трета година да се отвори процесот на присоединување и да почнат преговори со Северна Македонија и со промени во Уставот. Моето прашање е зошто тоа не се случува, изјави Радев, по вчерашната заедничка прес-конференција со претседателката на Македонија Гордана Сиљановска – Давкова и албанскиот претседал Бајрам Бегај, кои учествува на Самитот на шефови на држави и влади на учесниците во Процесот за соработка во Југоисточна Европа (ПСЈИЕ).

На прес – конференцијата Радев упати порака дека не станува збор за вето или успорување на процесот од соседна земја.

- Зборуваме за внатрешни предизвици поврзани со човековите права и владеењето на правото. Уште еднаш сакам да ве уверам дека Бугарија како најблиска пријателска земја има желба, е подготвена и пружа рака да биде од помош за да може вашето раководство во државата и општеството со забрзан чекор да ги примени и спроведи Копенхашките критериуми. Тоа сето е насочено кон иста цел сите земји да се приклучат и да станат членки, истакна бугарскиот претседател Радев.

Сакам да ве уверам дека Бугарија како долгогодишен член на ЕУ и иден претседавач со оваа иницијатива, посочи тој, со конструктивна надворешна политика ги поддржува процесите за да станеме уште поблиски за интеграција во ЕУ и ќе биде конструктивен и одговорен партнер во постигнувањето на заедничката иднина за сите граѓани од регионот.

Колку сме поединствени, толку ќе бидеме поотпорни на било какви предизвици. Верувам во регионалното единство и повикувам на јасен, силен, единствен регионален глас што ќе ја обликува нашата заедничка иднина во Европа, е пораката што ја упати претседателката на Македонија, Гордана Сиљановска – Давкова на заедничката прес-конференција со албанскиот претседател Бајрам Бегај и бугарскиотр претседател Румен Радев по завршувањето на вчерашниот Самит на шефови на држави и влади на учесниците во Процесот за соработка во Југоисточна Европа (ПСЈИЕ), што се одржа во Тирана.

- Отсекогаш сме биле не само географски дел од Еверопа, туку и историски и културно. Време е и политички да станеме дел од Европа. Ова јас не го нарекувам реинтеграција, ова го нарекувам реунификација бидејќи таа нема да биде завршена без нас, беше децидна Сиљановска – Давкова.

Додаде дека не смееме да дозволиме да бидеме геополитичка и геоекономска периферија. Потребна ни е, истакна таа, соработка, инфраструктурна, економска, енергетска, дигитална затоа што преку соработката ќе изградиме посилен и поповрзан и поконкурентен регион.

-  Да не очекуваме да не почитуваат, ако не се почитуваме меѓусебе. Поддржувам и поддржуваме заеднички регионален пазар и интегрирање на нашиот пазар во Европскиот, тоа мора да е врзано со реформи, а тоа ни го овозможува планот за раст на ЕУ, рече на прес - конференцијата Сиљановска-Давкова.

Упатувајќи честитки до домаќините – Албанија за досегашното претседавање со ПСЈИЕ и до идните – Бугарија, претседателката Сиљановска – Давкова уште еднаш повтори дека на сите ни е јасно дека патот до нашата европска иднина води преку регионалната соработка и солиданорст. Во таа насока, таа искажа длабока благодарнсот за покажаната солидарност по трагичниот пожар во Кочани.

- Таквата хумансот и соседска грижа се потврда дека регионалната солидарност не е само вредност, туку е вистинска практика. Повикав денеска оваа солидарност да не остане изолиран гест, туку да стане суштински елемент во градењето на стабилен, безбеден и просперитетен регион, темел за промени, а не само реакција на кризи, рече претседателката на Македонија.

Не можев, нагласи таа, да не укажам на сериозните пречки што ја забавуваат европската интеграција на регионот.

- Мислам дека постоеја и се уште постојат предрасуди како рецидиви од минатото дека ние сме периферијата на европската периферија. Укажав и на потребата од надминување на билатерализацијата во интеграцијата бидејќи од најблиските соседи очекувам најголемо разбирање. Ваквите постапки што нема да застант на нашиот случај, не само што го поткопуваат процесот, туку ја засилуваат всушност перцепцијата за Балканот дека се уште не е подготвен за Европа, потенцираше Сиљановска – Давкова.

Тоа значи, додаде претседателката на Македонија, ние сме одговорни да ги промениме овие наративи и трендови, бидејќи  силно влијаат врз демографската слика на регионот.

Укажа дека сите земји во реигонот се соочени, особено мојата земја, како што рече, со масовна депопулација, со егзодус на најумните, младите заминуваат и тоа е гоелма загуба и се чувастрвува не само во економијата, туку и во демократијата. Треба да ги инспирираме да остранат дома, порача таа.


Извор/фото МИА

 

ПРЕПОРАЧАНО

Најчитано