Вести

ЗА СРЕДНО МЕДИЦИНСКО ВО СКОПЈЕ 680 УЧЕНИЦИ, ЗА ГРАДЕЖНИЦИ 474 , ЗА УГОСТИТЕЛСТВО 306, ЗА ГИМНАЗИЈАЛЦИ НАД.... од утре прво електронско пријавување во јуни за уписот во средните училишта за 2025/2026

Од утре (14 јуни) до 17 јуни на полноќ е првото електронско пријавување во јунскиот рок за запишување ученици во прва година во јавните средни училишта во државава за учебната 2025/2026 година. 

Пријавувањето на учениците е со електронско аплицирање, преку линк до системот за електронски услуги на Министерството за образование и наука https://e-uslugi.mon.gov.mk/ со посебна најава за средношколци преку сопствените кориснички сметки на schools.mk

Откако ќе заврши електронското пријавување, ученците на 18 јуни (од 8 до 19 часот) и на 19 јуни (од 8 до 17 часот) треба да ја достават потребната документација до училиштата.

Конечната ранг-листа со резултатите од запишувањето и слободните места, секое училиште ќе ја објави на 20 јуни 2025, најдоцна до 12 часот, на јавно место во училиштето и/или на училишната интернет-страница. Во училиштата каде што ќе има квалификациско тестирање ќе се организира  на 23 јуни 2025, кога ќе бидат објавени и резултатите. 

Второто електронско пријавување на учениците за упис во средните училишта во јунскиот рок ќе биде  на 30 јуни 2025, од 00:00 часот до 23:59 часот, а потребната документација до училиштата ќе се доставува на 1 јули 2025, од 10 до 19 часот.  Следниот ден (2 јули) ќе биде објавена и конечната ранг-листа со резултатите од запишувањето и слободните места. Во второто пријавување во јуни квалификациско тестирање ќе се организира на 4 јули 2025.

Пријавувањето во августовскиот уписен рок ќе се врши на 21 август 2025 година од 00.00 часот до 15.00 часот електронски, кога ќе биде и доставувањето на документација до училиштата, а наредниот ден (22 август 2025) училиштата ќе објават конечна ранг-листа со резултатите од запишувањето.

Во Конкурсот на Министерството за образование и наука се наведени документите потребни за запишување во јавните средни училишта, како и насоки за негово спроведување. 

 

Преглед на слободни места за упис во неколку (најбарани) средните училишта во Скопје:

 

ГИМНАЗИЈА „РАДЕ ЈОВЧЕВСКИ – КОРЧАГИН“

ќе се запишат 263 ученици во 8 паралелки со настава на македонски јазик:

Гимназиско образование - 204 ученици, 6 паралелки, 60 поени минимум

Гимназиско образование – 25 ученици, 1 паралелкa, 60 поени минимум (македонско – француска билингвална паралелка)

Гимназиско образование – 34 ученици, 1 паралелка, 60 поени минимум (паралелка во која се изучува германски јазик со 6 часа неделен фонд) 

ГИМНАЗИЈА „НИКОЛА КАРЕВ“

ќе се запишат 272 ученици во 8 паралелки со настава на македонски јазик:  

Гимназиско образование – 238 ученици, 7 паралелки, 60 поени минимум

Гимназиско образование – 34 ученици, 1 паралелка, 60 поени минимум (паралелка во која се изучува италијански јазик со 6 часа неделен фонд)

ГИМНАЗИЈА „ЈОСИП БРОЗ ТИТО“

Ќе се запишат 408 ученици во 12 паралелки (340 ученици во 10 паралелки со настава на македонски јазик и 68 ученици во 2 паралелки со настава на турски јазик):

Гимназиско образование - 374 ученици, 11 паралелки, 60 поени минимум мак 306 уч. 9 пар. тур 68 уч. 2 пар.

Гимназиско образование – 34 ученици, 1 паралелка, 60 поени минимум мак 34 уч. 1 пар (паралелка во која се изучува германски јазик со 6 часа неделен фонд)

ГИМНАЗИЈА „ОРЦЕ НИКОЛОВ

ќе се запишат 285 ученици во 9 паралелки со настава на македонски јазик:

Гимназиско образование –170 ученици, 5 паралелки, 60 поени минимум

Гимназиско образование – 25 ученици, 1 паралелкa, 60 поени минимум (македонско – француска билингвална паралелка)

Гимназиско образование – 90 ученици, 3 паралелки, 60 поени минимум (македонско – англиски билингвални паралелки)

СРЕДНО МЕДИЦИНСКО УЧИЛИШТЕ „Д-р ПАНЧЕ КАРАЃОЗОВ“

ќе се запишат 680 ученици во 20 паралелки (442 ученици во 13 паралелки со настава на македонски јазик и 238 ученици во 7 паралелки со настава на албански јазик):

Сектор Здравство и социјална заштита - 680 ученици, 20 паралелки

- медицинска сестра - медицинска сестра мак 170 уч. алб 102 5 пар. 4 г.тр. 3 пар. 4 г.тр. 70 поени минимум 70 поени минимум  

- забен техничар мак 68 уч. 2 пар. 4 г.тр. 70 поени минимум

- забен техничар алб 34 уч. 1 пар. 4 г.тр. 70 поени минимум

- фармацевтски техничар мак 68 уч. 2 пар. 4 г.тр. 70 поени минимум

- фармацевтски техничар алб 34 уч. 1 пар. 4 г.тр. 70 поени минимум

- медицински лабораториско-санитарен техничар мак 68 уч. 2 пар. 4 г.тр. 70 поени минимум - физиотерапевтски техничар мак 34 уч. 1 пар. 4 г.тр. 70 поени минимум

 - физиотерапевтски техничар алб 34 уч. 1 пар. 4 г.тр. 70 поени минимум

 - гинеколошко – акушерска сестра мак 34 уч. 1 пар. 4 г.тр. 70 поени минимум - гинеколошко – акушерска сестра алб 34 уч. 1 пар. 4 г.тр. 70 поени минимум

.СРЕДНО ЕКОНОМСКО-ПРАВНО УЧИЛИШТЕ  „ВАСИЛ АНТЕВСКИ ДРЕН“

ќе се запишат 476 ученици во 14 паралелки со настава на македонски јазик:

 Сектор Економија, право и трговија - 476 ученици, 14 паралелки

- економски техничар мак 102 уч. 3 пар. 4 г.тр. 60 поени минимум

 - правен техничар мак 204 уч. 6 пар. 4 г.тр. 60 поени минимум

-техничар за е-трговија и дигитален маркетинг мак 136 уч. 4 пар. 4 г.тр. 60 поени минимум

 -правен техничар (македонско-француска билингвална) мак 34 уч. 1 пар. 4 г.тр. 60 поени минимум

СРЕДНО ЕКОНОМСКО И ПРАВНО УЧИЛИШТЕ  „АРСЕНИ ЈОВКОВ“

ќе се запишат 474 ученици во 15 паралелки (186 ученици во 6 паралелки на настава на македонски јазик и 288 ученици во 9 паралелки на настава на албански јазик):

Сектор Економија, право и трговија – 474 ученици, 15 паралелки

-економски техничар * во соработка со компании мак 25 уч. 1 пар. 4 г.тр. 60 поени минимум -економски техничар * во соработка со компании алб 25 уч. 1 пар. 4 г.тр. 60 поени минимум -економски техничар алб 68 уч. 2 пар. 4 г.тр. 60 поени минимум

- техничар за е-трговија и дигитален маркетинг мак 34 уч. 1 пар. 4 г.тр. 60 поени минимум - техничар за е-трговија и дигитален маркетинг алб 34 уч. 1 пар. 4 г.тр. 60 поени минимум

 -правен техничар мак 34 уч. 1 пар. 4 г.тр. 60 поени минимум

-правен техничар алб 68 уч. 2 пар. 4 г.тр. 60 поени минимум

-бизнис администратор* во соработка со компании мак 25 уч. 1 пар. 4 г.тр. 60 поени минимум

-бизнис администратор* во соработка со компании алб 25 уч. 1 пар. 4 г.тр. 60 поени минимум

-асистент деловен администратор мак 34 уч. 1 пар. 3 г.тр. 30 поени минимум

-асистент деловен администратор алб 34 уч. 1 пар. 3 г.тр. 30 поени минимум

- продавач - референт за продажни услуги мак 34 уч. 1 пар. 3 г.тр. 30 поени минимум

- продавач - референт за продажни услуги алб 34 уч. 1 пар. 3 г.тр. 30 поени минимум

СРЕДНО УЧИЛИШТЕ НА ГРАД СКОПЈЕ „ЛАЗАР ТАНЕВ“

ќе се запишат 340 ученици во 10 паралелки (272 ученици во 8 паралелки со настава на македонски јазик и 68 ученици во 2 паралелки со настава на албански јазик):

Сектор Угостителство и туризам - 306 ученици, 9 паралелки

- хотелско туристички техничар (македонско – француска билингвална паралелка) мак 34 уч. 1 пар. 4 г.тр. 45 поени минимум

 - хотелско туристички техничар алб 34 уч. 1 пар. 4 г.тр. 45 поени минимум

- угостителски техничар / хотелско ресторантски техничар мак 34 уч. 1 пар. 4 г.тр. 45 поени минимум

 - техничар за настани и анимации мак 34 уч. 1 пар. 4 г.тр. 45 поени минимум

 - готвач мак 102 уч. 3 пар. 3 г.тр. 30 поени минимум - келнер / слаткар мак 34 уч. 1 пар. 3 г.тр. 30 поени минимум

 - келнер / слаткар алб 34 уч. 1 пар. 3 г.тр. 30 поени минимум Сектор Хемија и технологија – 34 ученици, 1 паралелки

 - пекар/месопреработувач мак 34 уч. 1 пар. 3 г.тр. 30 поени минимум

 

СРЕДНО ГРАДЕЖНО ГИМНАЗИСКО УЧИЛИШТЕ  „ЗДРАВКО ЦВЕТКОВСКИ“

Во прва година ќе се запишат 542 ученици во 17 паралелки (322 ученици во 10 паралелки со настава на македонски јазик и 220 ученици во 7 паралелки со настава на албански јазик):

Гимназиско образование - 68 ученици, 2 паралелки, 60 поени минимум мак 68 уч. 2 пар.

Сектор Градежништво и геодезија - 474 ученици, 15 паралелки

- архитектонски техничар мак 68 уч. 2 пар. 4 г.тр. алб 68 уч. 2 пар. 4 г.тр.

 - архитектонски техничар  алб 68 уч. 2 пар. 4 г.тр.

- градежен техничар *во соработка со компании  мак 25 уч. 1 пар. 4 г.тр

- градежен техничар *во соработка со компании алб 25 уч. 1 пар. 4 г.тр.

 - геодетски техничар *во соработка со компании  мак 25 уч. 1 пар. 4 г.тр.

- геодетски техничар *во соработка со компании алб 25 уч. 1 пар. 4 г.тр

 - техничар дизајнер за внатрешна архитектура алб 34 уч. 1 пар. 4 г.тр.

- техничар дизајнер за внатрешна архитектура алб 34 уч. 1 пар. 4 г.тр.

 -монтер за сува градба  мак 34 уч. 1 пар. 3 г.тр

- монтер за сува градба алб 34 уч. 1 пар. 3 г.тр.

 - поставувач на подови и плочки мак 34 уч. 1 пар. 3 г.тр.

 - поставувач на подови и плочки  алб 34 уч. 1 пар. 3 г.тр


Извор/фото МИА и Министесртво за образование и наука/Конкурс

 

ПРЕПОРАЧАНО

Најчитано