Lifestyle

ВО АПРИЛ ИНФЛАЦИЈАТА ВО ШВАЈЦАРИЈА СЕ НАМАЛИ НА НУЛА!

09.05.2025

Годишната инфлација во Швајцарија достигна неочекувано нула проценти во април, соопшти статистичкиот завод на земјата, зголемувајќи ги очекувањата за уште едно намалување на каматните стапки во јуни.

Оваа бројка го означува најниското ниво на инфлација во последните четири години.

Во март, инфлацијата на годишно ниво изнесуваше 0,3 проценти, според прелиминарните податоци од Швајцарскиот статистички институт.

Потрошувачките цени останаа непроменети на месечна основа.

Базичната инфлација во Швајцарија, која ги исклучува цените како што се храната и енергијата, беше 0,6 проценти во април.

На 20 март, ШНБ ја намали референтната каматна стапка за 25 базични поени, како што се очекуваше.

Се очекува централната банка сега да ја намали референтната каматна стапка на нула проценти на својот состанок во јуни, пренесува Бизнис.ба.


фото freepic   

ПРЕПОРАЧАНО

Најчитано