Економија
КОИ СЕ 5 ЗНАЦИ ЗА „ПРЕГРЕВАЊЕ“ НА ПАЗАРОТ ЗА НЕДВИЖНОСТИ?
18.04.2025
Терминот „балон“ во економијата означува ситуација кога цените на одредени стоки,во овој случај недвижностите, растат побрзо и повеќе отколку што може да издржи реалниот пазар. Овој раст честопати не се базира на реална вредност, туку на психолошки фактори, масовна еуфорија, шпекулации и верувањето во достапноста на „лесни“ пари. Но кога таков пазар ќе достигне точка на заситеност, многу брзо се случуваат распродажби, паника и драстичен пад на вредноста.
Во текстот на Инвеститор.ме се анализира состојбата со пазарот со недвижности во Црна Гора во која има огромен број на станови кои се празни, но цените за станбена површина постојано расте. Првиот сигнал за прегреаност на пазарот на недвижности е фактот дека цените на становите растат значително побрзо од просечните плати. Кога цените на недвижностите значително ги надминуваат економските капацитети на локалното население, почнува да се формира јаз што може да стане неодржлив.
Пет јасни знаци дека пазарот се „загрева“
1. Цените за квадратен метар растат побрзо од просечните плати
Во Подгорица, веќе е тешко да се најде стан под 2.000 евра/м², додека на крајбрежјето, бројките од 3.000 до 5.000 евра/м² станаа „нормални“.
Во исто време, растот на просечните плати тешко го следат растот на инфлацијата. Кога цените на квадратните метри растат многу пати побрзо од куповната моќ, пазарот се оддалечува од реалноста.
2. Становите се купуваат како „сигурна инвестиција“ - не за домување
Сè повеќе луѓе купуваат станови што нема да ги користат и ги издаваат под кирија, ги оставаат празни или едноставно „ја чуваат вредноста“.
Ова создава вештачка побарувачка, која нема никаква врска со реалните животни потреби на населението. Таквото инвестициско стампедо често претходи на крах, бидејќи пазарот станува зависен од шпекулантите.
3. Растот на цените е придружен со раст на долгот
Банките бележат раст на станбените кредити, но со зголемување на каматните стапки. Во Црна Гора, побарувачката за кредити сè уште постои, бидејќи луѓето веруваат дека „подоцна ќе биде уште полошо“. Кога каматата се враќа на реално ниво, стапките растат, пазарот се лади, а презадолженоста со кредитите станува ризик.
4. Сè повеќе градилишта, но и празни станови
Градежниот бум може да се види насекаде - само во Подгорица има десетици активни проекти. Но, колку од тие станови се всушност населени? Голем број остануваат празни или се изнајмуваат сезонски, што значи дека понудата расте, но реалната побарувачка стагнира.
5. Луѓето веруваат дека „цените никогаш нема да се намалат“
Можеби најопасниот знак за создавање на „балон“ е ирационален оптимизам. Фразите како: „Стан никогаш не губи вредност“, „Цените можат само да растат“ или „Недвижностите се најбезбедна инвестиција“, потсетуваат на класичните психолошки обрасци на однесување во состојба на загревање на пазарот, објави Инвеститор.ме.
фото freepic