Министерството за земјоделство на САД објави дека вкупната површина под пченица во Соединетите Американски Држави за жетвата во 2025 година ќе биде околу 18,35 милиони хектари, што претставува намалување од 2 отсто во споредба со минатата година.
Ова е втората најмала површина засеана со пченица во последните сто години. Падот на производството е под петгодишниот просек и од рекордните 35,7 милиони хектари засеани во 1981 година.
Се очекува вкупната површина засеана со главните земјоделски култури во САД да биде помала. Во 2025 година, засеаната површина ќе биде помала за околу 526.000 хектари, или 0,4 проценти помалку од минатата година.
Сеидбата на пченка ќе се зголеми за 5 отсто, додека површината под соја ќе се намали за 4 отсто, на околу 33,78 милиони хектари, пренесува Бизнис.ба.
фото freepic