Економија
БУГАРИЈА, УНГАРИЈА И ГЕРМАНИЈА СО ГОЛЕМ ПАД НА ПРОИЗВОДСТВОТО ВО ФЕВРУАРИ
15.04.2025
Хрватска во февруари забележа најголем пад на индустриското производство во ЕУ. На ниво на еврозоната, сезонски прилагоденото индустриско производство се зголеми за 1,1 отсто во споредба со јануари. На ниво на ЕУ, се зголеми за еден процент, покажаа податоците од Европскиот завод за статистика објавени во вторник.
Најголемо зголемување на индустриското производство на месечна основа е забележано во Ирска во февруари, од 10,8 отсто. Во Белгија и Луксембург зголемувањето е за 7,4 и 6,3 отсто.
Хрватска забележа најголем пад на индустриското производство во февруари, за 3,9 проценти во споредба со јануари, кога беше зголемено за 2,1 процент.
Грција има пад на производството на месечно ниво од 3,6 отсто.
На годишно ниво европското индустриско производство во февруари се зголемило за прв пат по речиси две години, за 1,2 проценти во Еврозоната и за 0,6 проценти во ЕУ.
На годишна основа највисок раст на индустриското производство е остварен во Ирска за 38,8 отсто. Литванија оствари зголемување на производството од 9,1 процент.
Во Хрватска, индустриското производство се зголеми за 5,4 проценти во февруари во споредба со истиот месец минатата година.
Унгарија во февруари забележа најголем пад на производството, од осум проценти. Во Бугарија и Германија намалувањето на производството е за 4,7 и 3,7 отсто, пренесува Сеебиз.
фото freepic